Поранешниот шеф на дипломатијата Миодраг Лекиќ е можен нов црногорски премиер

Фото: Парламент на Црна Гора

Лидерот на партијата Демос и поранешен дипломат од времето на СФРЈ и СРЈ, Миодраг Лекиќ, е предложен за нов црногорски премиер, јавуваат локалните медиуми.

Еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, по средбата на парламентарното мнозинство изјави дека имаат висок степен на согласност за идниот претседател на владата.

Тој рече дека 74-годишниот Лекиќ е личноста за која се разговарало како иден премиер, а против неговиот избор не бил никој. Средбата се одржала во зградата на Црногорскиот парламент.

Лекиќ бил амбасадор на СФРЈ во неколку африкански земји, а бил и министер за надворешни работи на Црна Гора.

Парламентарното мнозинство веќе одржа четири средби, но досега не постигна договор за формирање нова влада и избор на парламентарното раководство.

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, утре ќе ги започне консултациите за мандатот за состав на влада со претставници на политичките партии, односно коалициите, претставени во Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот