Поранешниот селектор Хаџиевски дел од елитата во ОАЕ

Фото: facebook.com/gjoko.hadjievski

Ѓоко Хаџиевски е моментно тренер на Емирати, екипа со која успеа на едно коло пред кранот на сезоната да обезбеди промоција во елитната лига на Обединетите Арапски Емирати.

Во последниот натпревар клубот на поранешниот македонски селектор триумфираше убедливо со 6:0 против тимот на Масафи.

На табелата на второто место се наоѓа Емирати со 40 бодови, три помалку зад водечкиот состав на Ал Урооба.

Последниот дуел Емирати ќе го има на 24 април против претпоследнорангираниот Масфут.

На Хаџиевски во клубот му помагаат Никола Аврамовски, Филип Деспотовски и Филип Маџовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот