Поранешниот прв форензичар на Њујорк: Причината за смртта на Епстајн најверојатно е УБИСТВО

Причина за смртта на Џефри Епстајн најверојатно е убиство, а не самоубиство, смета патологот форензичар Мајкл Бејден.

– Некои од повредите на Епстајн имаат повеќе знаци на убиство со задавување, отколку на самоубиство, гласи неговото мислење.

Бејден, кој 1970-тите накусо беше прв форензичар одговорен за Њујорк, сега е приватен вештак. Учествувал и во неколку случаи каде свој удел имаа славни личности, како оној на О.Џ. Симпсон.

Неговото стручно мислење противречи со официјалните наоди што укажуваат дека тој се самоубил во неговата затворска ќелија, објавени од официјалните лица во август. Тој е приватно најмен од семејството на Епстајн.

Самоубиството првично го оспори братот на Епстајн – Марк, кој и го најми Бејден за второ мислење.

Мултимилионерот Џефри Епстајн беше осуден за трговија со малолетни девојчиња и престапи од сексуална природа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот