Поранешниот претседател на САД може да здивне: Врховниот суд отфрли две тужби против Трамп

EPA
Фото: EPA-EFE/Doug Mills / POOL

Врховниот суд на САД ги отфрли тужбите против поранешниот претседател Доналд Трамп кои го товареа дека за време на мандатот ги прекршил одредбите на Уставот за спречување на корупција со задржување на сопственоста врз неговата деловна империја, вклучително и хотел во близина на Белата куќа.

Судиите ги отфрлија одредбите на пониските судови кои дозволија тужби – една поднесена од Вашингтон и државата Мериленд и друга поднесена од обвинители, а, исто така, одбија да ги сослушаат жалбите на Трамп против тие одлуки. Тие им наредија на пониските судови да ги отфрлат спорните случаи.

Во тужбите се тврдеше дека Трамп ги прекршил одредбите на Уставот за спречување на корупција, со кои се забранува прифаќање подароци и пари од странски влади и федерални влади без одобрение на Конгресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот