Поранешниот претседател на Реал Мадрид открива дека долгот на „кралевите“ изнесува неверојатни милијарда евра

EPA-EFE/Emilio Naranjo

Рамон Калдерон кој беше прв човек на Реал Мадрид од 2006 до 2009 година го нападна актуелниот прв човек, Флорентино Перез.

Поранешниот претседател тври дека долговите на Реал Мадрид изнесуваат милијарда евра и упати сериозни критики за одлуката на актуелниот претседател Флорентино Перез да го продаде Кристијано Роналдо.

– Кога Кристијано беше продаден, беше јасно дека на екипата и се потребни адекватни засилувања за да се пополни празнината која настана по заминувањето на најдобриот играч, но и маркетиншки најисплатлив за клубот. Тажната вистина е дека касата на Реал Мадрид не само што е празна туку е оптеретена со огромни долгови кои изнесуваат околу милијарда евра – изјави Калдерон за „Desafio Nacex“.

Реал Мадрид во летниот преоден рок не потроши ниту едно евро што претставува вистинско изненадување, а згора на тоа беа продадени и позајмени фудбалери кои го оптоваруваа буџетот (Бејл, Хамес Родригез), но во исто време е во завршна фаза реновирањето на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Овој потфат Реал Мадрид ќе го чини 575 милиони евра, но доколку се додадат и каматите кои клубот мора ги плати за кредитите, тогаш сумата е далеку поголема.
Реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“ започна пред избивувањето на корона кризата и бидејќи клубот веќе ги подигна кредитите и започна до градежните работи, на претседателот Флорентино Перез не му преостана ништо освен да продолжи со проектот и да се надева на подобри времиња.
Реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ треба да претставува фабрика за пари, но поради кризата сето тоа е доведено во прашање поради економската криза.
Проблемите за Перез не се само со стадионот, туку и со главните спонзори. Во Мадрид се шпекулира дека Флај Емирати и Адидас не само што нема да можат да го испочитуваат постигнатиот договор за зголемување на сумите кои ќе ги плаќаат, туку ќе мораат да ги намалуваат и актуелните договори. Реал Мадрид има договор со Флај Емирати тежок околу 40 милиони евра, додека до Адидас тој изнесува 110 милиони евра годишно.

Токму поради економските причини, но и голгетерски, Реал Мадрид не смееше да го продаде Кристијано Роналдо во 2018 година, смета Калдерон.
– Вистинска лудост е да се откажете од фудбалер кој постигнува толку многу голови, но во исто време е и „златна кокошка“ кога станува збор за спонзорите – вели Калдерон.

ВИДЕО: Реал го освои „Камп Ноу“, сомнителен пенал и еврогол на Модриќ!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот