Поранешниот претседател на Перу за кој е издадена потерница уапсен во САД

Поранешниот претседател на Перу, Алехандро Толедо, бил уапсен во САД врз основа на издадена потерница, соопшти Канцеларијата на јавниот обвинител во Лима.

Толедо, кој во Перу се смета за бегалец, одби да ја почитува одлуката на локалниот суд и да помине 18 месеци во притвор пред судењето под обвинение за наводна корупција во случај поврзан со бразилската градежна компанија Одебрехт.

Толедо негираше дека е виновен.

Тој беше претседател на Перу од 2001 до 2006 година, а последните години живее во Калифорнија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот