Поранешниот претседател на Киргистан подготвувал државен удар

Фото: EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбаев приведен на 8 август, подготвувал државен удар. Тоа го изјави шефот на киргистанскиот Државен комитет за национална безбедност Орозбек Опумбаев.

Според него, при операцијата за приведување на Атамбаев експретседателот употребил жени и деца да го штитат за да објави дека се повредени цивили.

– Атамбаев се подготвувал за соборувaње на властите, изјави тој.

Осомничен за корупција и со одземен имунитет, Атамбаев беше во резиденцијата во селото Кој-Таш близу Бишкек. Операцијата траеше речиси 24 часа со оглед на отпорот на приврзаници на Атамбаев кој ги отфрла обвиненијата. За време на акцијата над 100 луѓе меѓу кои и полицајци побараа медицинска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот