Поранешниот претседател на Киргистан Атамбаев е ослободен од притвор

Фото: EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Со одлука на суд, поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбаев денеска беше ослободен од притвор и тој ќе го помине времето до судењето дома, а не зад решетки.

Сето ова се случува за време на големи немири во Бишкек, главниот град, каде демонстрантите ја урнаа портата на претседателството, а потоа ги ослободија поранешниот претседател Атамбаев и поранешниот премиер Сапар Исаков од притвор.

Јавниот правобранител на Киргистан, Сергеј Слесарев рече дека судот ја преиначил одлуката за притвор.

– Што се однесува до Атамбаев, судот нареди да биде ослободен од притвор и го чека судењето во неговиот дом, рече Слесарев.

Освен Алмазбек, судот ја промени одлуката на сите осомничени кои беа затворени по масовното апсење во киргистанското село Кој-Таш.

Атамбаев беше претседател на поранешната советска република од 2011 до 2017 година и беше во притвор една година. Инспектори на Киргистан го товарат за употреба на сила против полицијата, организирање масовни протести, киднапирања, обиди за убиство, незаконско ослободување на криминален водач од затвор и корупција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот