Поранешниот претседател на Јужна Кореја осуден на 17 години затвор

Врховниот суд во Сеул го осуди поранешниот претседател на Јужна Кореја Ли Мјунг-бак на 17 години затвор поради проневера и подмитување, јави јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

Освен тоа, на Ли судот му нареди да плати парична казна од 15,7 милиони долари. Обвинителството го обвини Ли за проневера на парични срества на компанијата за производство на авто-делови „ДАС“, во која бил најголем акционер, како и за примање на мито од компанијата „Самсунг електроникс“.

Ли (78) претходно ја отслужи казната за разни обвиненија за корупција и подмитување. Тој на 22 март 2018 година е приведен, а на 15 години затвор беше осуден на 5 октомври 2018 година. Меѓутоа, Ли е условно пуштен на слобода во март минатата година поради лошата здравствена состојба.

Прочитајте и...  Дводневен состанок на НАТО за поддршката за Северна Македонија, Албанија и Црна Гора за справување со пандемијата

Поврзани вести

ЕУ со санкции за руски функционери за хакерскиот напад на Бундестагот во 2015 година

Слободен печат

ВИДЕО: На вештачки остров во Дубаи отворена најголемата фонтана во светот: Две Гинисови атракции на вода во ист емират

Слободен печат

Алијанса на Албанците: Николовски да одговори дали се согласува со непотизмот на ДУИ?

Слободен печат

Нови рестрикции во Словенија: Се затвораат градинки, хотели и дел од продавниците

Слободен печат

Путин сподели свои сознанија: Во Нагорно Карабах загинале близу 5.000 луѓе на двете страни

Слободен печат

Ќе вроди ли со плод објаснувачката мисија на Георгиевски во Софија?

Маријана Митровска

Остави Коментар