Поранешниот претседател Црвенковски еден од учесниците на Копаоник бизнис-форумот

Од другите гости од Македонија, во Србија ќе бидат и бизнисменот Светозар Јаневски од винарницата „Тиквеш“ и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Од 1 до 4 март годинава, во Конгресниот центар на хотелот „Гранд“ во Копаоник ќе се одржи бизнис-форум, на кој дел од главните теми ќе бидат „одливот на мозоци“ и четвртата индустриска револуција.

На форумот се предвидени панели за четвртата индустриска револуција, дигитализацијата, образованието, паметната специјализација, политиките на вработување и друго.

Копаоник бизнис-форумот е познат по тоа дека присуство земаат многу државници, претставници на меѓународни финансиски институции, бизнисмени, инвеститори, членови на дипломатскиот кор и многу друго.

Оваа година учеството го потврдија многу истакнати луѓе од оваа сфера, а меѓу другите гости, на Копаоник бизнис-форумот, заедно со други поранешни државници, ќе учествува и поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски.

Од другите гости од Македонија, во Србија ќе бидат и бизнисменот Светозар Јаневски од винарницата „Тиквеш“ и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Копаоник бизнис-форумот го организира Сојузот на економисти на Србија во соработка со Мастеркард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот