Поранешниот премиер на Пакистан уапсен поради корупција

Денеска од страна на пакистанската агенција за борба против корупција е уапсен Шахид Хакан Абас, поранешниот премиер на оваа земја, пренесуваат тамошните медиуми.

Засега не се познати повеќе детали за причините за апсењето, но во јавноста е објавена копија од налогот за апсење издаден од страна на партијата на Абас, каде стои дека тој е уапсен поради корупција.

Абас, кој беше на функцијата премиер помалку од една година по оставката на поранешниот премиер Наваз Шариф во 2017 година, беше уапсен додека одеше на прес-конференција во источниот град Лахоре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот