Поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, ќе се бори против Трамп за републиканската кандидатура

Поранешниот потпретседател Мајк Пенс / 4 ноември 2020 / Вашинготн ДС, САД / Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Поранешниот потпретседател на САД од времето кога Доналд Трамп ја водеше државата, Мајк Пенс, влегува во трката за републиканска претседателска номинација во 2024 година. Тој денеска поднел барање до Федералната изборна комисија.

63-годишниот Пенс ќе ја започне кампањата во Ајова во среда, изјавија три извори за Ројтерс минатата недела.

Пенс ќе му се спротивстави на Доналд Трамп, кому некогаш лојално му служеше, но одби да го поддржи кога поранешниот претседател се обиде да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.

Поранешниот конгресмен и ексгувернер на Индијана има силни конзервативни ставови за социјалните прашања, а тој сѐ повеќе се дистанцира од позициите на Трамп.

Пенс рече дека поранешниот претседател ги охрабрил бунтовниците кои го нападнаа Капитол на 6 јануари 2021 година и ги ставија во опасност него и неговото семејство.

Пенс им се придружува на сѐ поголемиот број републикански кандидати, вклучувајќи ги Трамп, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, сенаторот Тим ​​Скот и поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли.

Гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургум, исто така, планира да влезе во трката во среда, според лице запознаено со плановите на Бургум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот