Поранешниот олимписки шампион Трстена го победи коронавирусот

Фото: facebook.com/shaban.trstena.56

Во изминатиот период легендарниот македонски борач се наоѓаше во болница откако беше позитивен на коронавирус.

Денеска освојувачот на златниот олимписки медал во борење од Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година ја информира јавноста дека ја надмина големата опасност.

Претходно јавно им се заблагодари на здравствените работници, а сега ги споделува тешките моменти кои ги имаше во битката со коронавирусот и апелира да му се помогне на секого кој исто така се бори со ковид-19.

Најновата објава на Трстена на неговиот Фејсбук профил ви ја пренесуваме во целост:

– Драги мои, пријатели, добро ден и Бог нека е со нас, Одлучив да ја споделам оваа порака…..

До сите милионери и милијардери без обзир која нација и вера имате, Македонец, Албанец, Србин, Турчин или друга нација.

Да се ​​има Ковид 19 е тажно и многу неизвесно, тој е толку молчелив и смртоносен, 20 дена и јас бев во најтешка состојба во мојот живот, се борев со коранавирусот во болница за живот или смрт. Фала на Бога, ја надминав големата опасност, за овие денови што сум бил во болница. Почитувани пријатели, со ова сакам да ви кажам колку е опасен коронавирусот, јас од ова болест 16 кг сум ослабен, а замислите колку разлика е кога како млад спортист јас по 12 кг сум слабеел за да настапам на олимписки игри. Тогаш за четири месеци ми требаше да ослабам 12кг, а не како сега, за 20 дена дури 16 кг да ослабам од овој проклет коронавирус. Докторите ми кажаа дека треба многу долг процес на опоравување, а може и никогаш нема да бидам тој што сум бил.

Фото: Принскрин/facebook.com/shaban.trstena.56
Фото: Принскрин/facebook.com/shaban.trstena.56

Почитуван мој народе, имам една голема порака до сите тие големи патриоти, бизнисмени кои во името на оваа држава и на народот станале милионери и милиајдери, без обзир која нација и вера имате, сега ви е времето да го докажете вашиот патриотизам, вие му требате во најтешки времиња да му помогнете на вашиот народ, каде секој ден умираат наши мајки, татковци ,стари и млади, роднини, наши пријатели, браќа и сестри. Не треба само да чекаме од некој донација да ни дават инекција за некој да ни помогне. Не, јас сум сигурен дека сите вие што Бог ви дава толку богатство и станавте милионери, ништо не e за вас и сите можете заеднички да ги купите вакцините против ковид 19 и да го спасите вашиот народ.

Не треба само од државата да чекаме, пред 70 години Џон Кенеди кога рекол-немојте да чекате што државата ќе прави за народот, него и народот треба да прави нешто за државата. Е ова е денот за најголем патриотизам, да се спаси народ каде умираат секој ден од овој проклет Ковид-19.

Јас не знам што повеќе, може некој ќе каже зашто ти не помогнеш. Да, навистина сум голем спортист кој има донесени многу медали, победи, трофеи од сите страни на светот ама не сум милионер. Да бев милионер со големо задоволство и со голема гордост и од срце ќе помогнев на мојот народ.Што да кажам друго све се може само ако имате срце и волја може да се помогне на народот. А народот тоа ќе го запамти.
Бог да го благослови нашиот народ, Со многу почит, вашиот спортист. Ш.Т.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот