Поранешниот министер за одбрана – нов претседател на Шри Ланка

Опозицискиот кандидат и поранешен министер за одбрана на Шри Ланка Готобаја Раџапакса е прогласен за победник на вчерашните претседателски избори.

Се очекува Раџапакса утре да положи свечена заклетва во древен будистички храм.

Во првата изјава по победата над кандидатот на владејачката партија Саџит Премадаса, кој е министер за домување во актуелната влада, Раџапакса порача дека ќе биде водач на сите граѓани во земјата, сите 22 милиони, без разлика на нивниот етнички и верски идентитет.

Централната изборна комисија соопшти дека тој освоил 52,25 отсто од гласовите наспроти неговиот политички ривал, кој доби 41,99 отсто.

Раџапакса (70) е помлад брат на поранешниот претседател Махинда Раџипакса, кој беше на власт од 2005 до 2015 година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот