Поранешниот министер Ретген сака да ја наследи Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел / Фото Архива на Слободен Печат

Ретген во моментов е шеф на парламентарната комисија за надворешни работи и ја извршуваше функцијата министер за животна средина од 2009 до 2012 година.

Пратеникот на Христијанско демократската унија (ЦДУ) во германскиот Парламент Норберт Ретген ненадејно се кандидираше за претседател на таа партија, откако Анегрет Крамп Карнбауер поднесе оставка минатата недела.

Со својот неочекуван потег, тој стана четвртиот кандидат за лидер на партијата.

Ретген во моментов е шеф на парламентарната комисија за надворешни работи и ја извршуваше функцијата министер за животна средина од 2009 до 2012 година.

Освен него, за местото лидер во ЦДУ конкурираат и  Фридрих Мерс, актуелниот министер за здравство Јенс Спан и премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лачет, кој се смета за главен кандидат.

Лидерот на ЦДУ, исто така, веројатно ќе биде кандидат за канцелар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот