Поранешниот лондонски полицаец кој речиси две децении силуваше жени осуден на доживотен затвор

Дејвид Керик, еден од најголемите сексуални предатори во поновата британска историја, кој дваесет години работел во лондонската полиција, денеска е осуден на доживотен затвор за десетици силувања и сексуална злоупотреба на дванаесет жени.
„Ги искористивте жените на ужасен начин, рече судијката Боби Чима-Граб додека ја читаше пресудата со која заврши случајот што ја влоши кризата на доверба во Скотланд Јард, која ги оглуши на предупредувањата за нивниот вработен. – Се однесуваше како да си недопирлив“ затоа што си припадник на полицијата, додаде таа.
Во делот за обвинетите, Дејвид Керик (48) со затворени очи и наведната глава го слушаше изрекувањето на пресудата.
Нему му беше судено за најмалку 85 злосторства, вклучително и 48 силувања, кои се случиле помеѓу 2003 и 2020 година. Во тој период, тој беше унапреден во елитната полициска единица во главниот град задолжена за заштита на парламентот и дипломатските претставништва.
„Злосторствата на Дејвид Керик се дамка за нашите полициски сили“, реагираше преку соопштение министерката за внатрешни работи Суела Браверман, оддавајќи им почит на „храбрите“ жртви на Керик.
„Во нашата полиција нема место за такво предаторско и грозоморно однесување“, рече таа.
Полицијата деветпати пропуштила можност да го уапси овој сериски силувач, кој 17 години работел како полицаец. Тој беше уапсен во октомври 2021 година за првиот случај на силување, што поттикна и други жени да го пријават.
Стотици лондонски полицајци би можеле да бидат отпуштени поради сексуални напади и семејно насилство, изјави пред три недели шефот на полицијата.
Пораката е објавена поради напорите на британската полиција да ја врати довербата на јавноста откако полицаец од Лондон признал дека е сериски силувач.
Лондонските полициски сили, кои ги потресоа скандали во последните години, се втурнати во уште посериозна криза откако полицаецот Дејвид Керик (48) призна дека извршил 24 силувања во текот на речиси две децении додека бил во полицијата, додека неговите колеги не реагирале на време за да го спречат.
Стотици британски полицајци се соочуваат со отказ поради сериозни злоставувања