Поранешниот косовски министер за здравство обвинет за сексуален напад врз пациентка

Основното обвинителство во Пеќ покрена обвинение против поранешниот косовски министер за здравство, Нуман Балиќ за кривично дело сексуален напад врз пациентка, извршено во болницата во која работел, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според обвинението што попладнево го објави обвинителството во Пеќ, Балиќ во болницата во тој град, на 12 август годинава, „во својство на одговорно здравствено лице, злоупотребувајќи ја здравствената состојба на жртвата, истата ја принудил на сексуални допирања без нејзина согласност”.

Жртвата, која престојувала во болницата како придружничка на своето болно новороденче, била напаствувана од Балиќ во неговата соба за прегледи, но успеала да побегне и првично побарала помош од обезбедувањето, а веднаш потоа случајот го пријавила и во полиција.

– Со овие дејствија постои основано сомневање дека осомничениот го извршил кривичното дело сексуален напад. Надлежниот обвинител му предлага на Судот осомничениот да го прогласи за виновен и да го осуди за кривичното дело за кое се товари, се вели во соопштението на обвинителството.

Балиќ, кој беше министер за здравство во првата повоена влада на Косово во 2002-2003 година, и порано, во јули 2019 година, беше обвинет за сексуално вознемирување на приправничка во истата болница во Пеќ, меѓутоа суд го ослободи поради недостиг на докази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот