Поранешниот јапонски министер за правда и неговата сопруга се уапсени за купување изборни гласови

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Поранешниот јапонски министер за правда Катсуки Каваи и неговата сопруга, пратеничката Ани Каваи, се уапсени денеска под сомнение дека купувале изборни гласови.

Тие се осомничени дека за време на изборите за Голниот дом на јапонскиот Парламент во 2019 година на гласачите им понудиле милиони јени за да гласаат за Ана Каваи, која потоа и го освоила местото во законодавниот дом, пренесуваат британските медиуми.

Каваи, кој инаку е близок пријател на јапонскиот премиер Шинѕо Абе, во октомври минатата година поднесе оставка од министерската функција, откако се појавија гласините за изборни нерегуларности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот