Поранешниот јапонски министер за правда и неговата сопруга се обвинети за купување на гласови

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Поранешниот јапонски министер за правда Кацујуки Каваи и неговата сопруга, пратеничката Анри денеска се обвинети за купување гласови на минатогодишните избори, откако двајцата беа уапсени минатиот месец, соопшти судот во Токио.

Кацујуки (57) и Анри (46) се уапсени во јуни под сомнение дека платиле милиони јени на поличари и приврзаници во префектурата Хирошима, за да обезбедат гласови на изборите за Горниот дом на Парламентот во јули минатата година.

Во соопштението од судот се наведува дека тие уплатиле 1,7 милиони јени (15.800 долари) на сметките на пет лица, а Кацујуки платил 27,31 милиони јени (255.000 долари) на 103 лица, за Анри да биде избрана во Горниот дом на јапонскиот Парламент.

Кацујуки Каваи призна дека уплатувал пари, но негираше дека имал намера да купува гласови, додека Анри изјави дека не се сеќава дека била вклучена во нелегални активности.

Ако брачната двојка биде прогласена за виновна, тогаш ќе биде поништена победата на Анри Каваи во дистриктот Хирошима.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот