Поранешниот италијански премиер формира нова партија

Фото: Wikipedia

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци денеска ја напушти владејачката Демократска партија (ПД) со цел да формирање на нова центристичка партија, што е ризичен потег кој дополнително ќе ја ослабне веќе „растресената“ Влада на демократите и Движењето Пет Ѕвезди (М5Ѕ).

Ренци го објави заминувањето на „Фејсбук“ и „Твитер“, откако го објасни ненадејниот потег во интервју за весникот „Ла Репблика“.

– Одлучив да ја напуштам „ПД“ и да изградам нов дом со другите за да водам поинаква политика – напиша тој на социјалните мрежи, пренесуваат медиумите.

Поранешниот премиер неодамна се врати во центарот на италијанската политика, користејќи го влијанието во Парламентот за да изврши притисок врз коалицискиот договор меѓу демократите и нивните поранешни непријатели на „М5Ѕ“ во последниот обид за да се избегнат предвремените избори и одреден триумф на десничарската „Лига“ на Матео Салвини.

Ниска популарност

Политичките аналитичари велат дека ненадејниот потег на Ренци ги „фати“ противниците неподготвени, но и дека тоа тешко ќе придонесе за зголемување на неговата многу ниска популарност.

Во интервјуот за „Ла Република“, тој рече дека „ПД“ сега е еден куп различни фракции.

– Се плашам дека нема да можам да одговорам на агресијата на Салвини и тешката кохабитација со „М5Ѕ“ – рече Ренци, додавајќи дека тој сака да го победи популизмот на Салвини и дека на неговата нова партија ќе и се придружат околу 30 пратеници.

Демократската партија има 111 места во Долниот дом и 51 место во Сенатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот