Поранешниот член на „Браво бенд“, Жика најавува нова песна!

Фото: Фејсбук

За пејачот Живко Динев или познат како Жика од „Браво Бенд“ по се изгледа ќе премине во традиција овој период од годината да ја чести својата публика со нова музика за душа.

Тој на крајот од минатиот месец декември 2018 година, точно пред прагот на Новата Година издаде видео материјал со преработка на 15 музички бисери кои беа внимателно избрани за празничниот период.

Проектот на Жика беше реализиран заедно со неговите колеги, пријатели и музички соработници.

Сега, токму пред крајот на 2019 година Живко најавува уште една преработка на народна песна насловена „Лудо младо“ чиј аранжман на новата верзија е на Никола Автовски, текстот е на Ѓорѓи Калајџиев, а за пакетот да биде целосен, Динев не исклучува ниту видео спот кој го најавува наскоро.

– Годината ја заокружувам со доста работа и проекти кои верувам дека ќе и се допаднат на мојата публика. Покрај „Лудо младо“ и спотот за истата, се работи и на уште една македонска песна во 7/8 ритам која е дело на Дарко Илиевски, текстот на Борче Нечовски, а ќе биде промовирана заедно со видео, најавува Живко.

Инаку Жика, неговата колешка Сања Чинчева – Барби и Гоце од „Ситнезис“ ќе ги забавуваат нашинцие во Германија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот