Славниот боксер кој сега е градоначник на Киев сè уште претставува страв и трепет.
Виталиј Кличко неодамна на својот Фејсбук профил објави интересно видео кое го сними во еден од квартовите на Киев кога сосем случајно успеа да дело да фати тројца вандали кои цртаа расистички графити.
На ѕидот со големи букви беше напишано „white liver matter“ како одговор на глобалното движење кое го покренаа Афромериканците „black lives matter“ поради засечестана полициска бруталност во САД која остануваше неказнета од судските органи. На видеото се гледа дека едно од момчиња се скамени кога го препозна поранешниот светски шампион во тешка категорија.
„Пријатели, доцна навечер бев во центарот на Киев на улицата Иван Франко да видам како напредуаат работите. Фрлив поглед и на некои споредни улици кои исто така планираме да ги реконструираме и наидов на три момчиња кои цртаа графит на ѕидот на една куќа. Додека културно разговарав со нив, на еден му попуштија нервите и избега. Останатите двајца се предадени на полицијата и третиот лесно ќе го најдеме“, напиша Кличко.