Поранешниот австриски канцелар Курц се повлекува од политиката

Себастијан Курц
Себастијан Курц / Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Лидерот на Народна партија на Австрија (ОВП), поранешниот канцелар Себастијан Курц, се повлекува од политиката.

На лидерското место во партијата Курц ќе биде заменет од австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер.

Курц успешно ја водеше ОВП и на минатите избори во 2019 година освои 37 проценти од гласовите.

Досега се шпекулираше дека Курц по завршувањето на истрагата против него може да се врати на политичкиот врв.

Предвидено е Курц да се обрати до медиумите во 11 часот и 30 минути.

Курц на 9 октомври се повлече од функцијата канцелар откако беше обвинет за поткуп, корупција и нарушување на довербата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот