Поранешни криминалци споделуваат искуство од прва рака: Најлошиот дел од туширањето е…

unsplash
Затвор / Фото: Архива

За среќа повеќето од нас немаат идеја како е да се биде во затвор. Впечатокот за тоа искуство го стекнуваме според она што сме го виделе на филмовите.

Поранешни затвореници споделиле искуство од прва рака на социјалната мрежа „Редит“ и откриле дека многу од тоа што го гледаме во филмовите и сериите е неточно. Еве за што сè нè има излажано Холивуд.

Свиркање во затвор

„Тешко дека ќе ги натерате луѓето да почнат да викаат. Звукот на свиркање поминува низ цевките и звучи ужасно“

Нема решетки

„Решетките на прозорците и вратите сега се многу ретки. Тие главно беа заменети со плексиглас“.

Пад на сапун

„Ако ви падне сапунот, не значи дека некој автоматски ќе ви се нафрли“.

Сексуална злоупотреба

„Честопати има мажи во затвор кои се навистина хомосексуалци и доброволно стапуваат во односи, ретко се случуваат сексуални напади, но ако се случат, веројатно причината е казна или одмазда.

Затворениците сакаат да работат

„Понекогаш дури и се тепаат кој ќе работи, бидејќи на сите им е досадно.“

Тие не прават проблеми

„Повеќето затвореници едноставно сакаат да си ја отслужат казната и да си одат дома. Ретко предизвикаат проблеми без причина. Намалувањето на казната за добро однесување е награда за секој затвореник“.

Без ќотек

„Некој ќе ве претепа ако сте педофил, член на нацистичка група или ѓубре од човек што им прави проблеми на другите. Ако си ја гледате работата и покажете почит кон останатите, вашиот живот всушност ќе биде многу досаден во затворот“.

Многу луѓе имаат ментални нарушувања

„Половина од затворениците имаат некакво ментално растројство, не само неколку луѓе како што обично гледаме во филмовите за да се направи приказната поинтересна“.

Мирис

„Знам дека ова е тешко да го замислите, но филмовите не можат да пренесат како мирисаат затворите. Тоа е комбинација на многу силен телесен мирис и ѓубре, а слабата вентилација не помага. Навистина е одвратно“.

Тушеви

„Сум слушнал дека некаде има групни тушеви, но во затворот во кој бев јас беа одделени со завеси. Најлошиот дел од туширањето во затвор е тоа што треба да го притискате копчето за ослободување вода на секои 15 секунди“, пренесува „Index“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот