Поранешната ѕвезда ги критикува сегашните НБА играчи: Престанете да плачете поради навивачите

twitter/Complex Sports

Аренас кој во активната кариера беше познат како еден од најпроблематичните НБА кошаркари и кој во соблекувалната чуваше дури и пиштоли, остро ги критикуваше актуелните НБА кошаркари.

Причина за неговата реакција е моментот од викендот кога кошаркарот на Вашингтон, Ајзеа Томас влезе во распавија со навивач на Филалдефија поради што заработи суспензија.

Еден од навивачите му покажа среден прст на Томас и го опцу, по што кошаркарот влезе во вербална расправија со навивачите.

Овој потег го натера Аренас остро да реагира на однесувањето на кошаркарите.

„Навистина ми е жал, но кошаркарите мора да престанат со овие луди работи поради навивачите? НБА лига мора да престане да ги наградува овие ужасни губитници. „Твојата жена е к***а, е*и се“ боли повеќе од пораз од 20 поени? Дали приметивте како тие се слушаат кога губат. Никогаш нема да слушнете кошаркар да се жали се додека победува, тогаш тој играч станува Шенон Шарп додека навивачот е Скип Бејлис (двајца новинари-аналитичари на популарната емисија „Money Talk“).

На нив им тече низ ногавици кога навивачите викаат на нив, тие фанови на Филаделфија му велеа на Ајзеа Томас дека е низок и тој им се нафрли. Тоа што тие зборуваа е сосема нормално за противнички навивачи. Слушав како на Шекил ОНил му зборуваа дека имале секс со неговата девојка секој пат кога ќе го добиеше баскетот.

Замислете како изгледа да шутирате слободни фрлања додека двајца момци ти викаат како имале секс со вашата девојка. Леброн Џејмс еднаш ме допре по рамото и тоа нема врска со ова, но знам дека потоа шутнав неколку „бунари“ и имав рејтинг -24 на тој натпревар, но верувајте дека сакав да имам можност да влезам во конфликт со навивачите. Дозволете им на навивачите да го прават тоа во што се најдобри се додека не влегуваат во контакт со вас. Сум платил 10.000 долари за тоа место покрај паркетот и ќе зборувам тоа што сакам“, напиша Аренас на својот профил на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/B6bS-oLhDl6/?utm_source=ig_web_copy_link

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот