Поранешната владејачка гарнитура во бомбите за „Монструм“

Фото: МИА

Поранешниот вицепремиер од ДУИ Муса Џафери го замолил екс шефот на УБК Сашо Мијалков на 10 октомври 2012 година за помош при издавање на 700 до 800 државјанства. Оваа молба е од снимките кои денеска ОЈО ги објави во продолжеток на денешното рочиште за случајот „Монструм”.

Пред почетокот на вториот дел од рочиштето, судечкиот судија Огнен Ставрев со по 500 евра парична казна ги казни тројцата адвокати на обвинетите поради непочитување на судот.

Во серијата објавени разговори можеше да се слушне како Љупчо Тодоровски ексдиректир на БЈБ му се жали на Сашо Мијалков дека Блерим Беџети од ДУИ не сакал да ја потпишел ексррадацијата на двацата бегалци од случајот „Монструм” кој се во Косово.

Гордана Јанкулоска пак ословувајќи ги неколку пати Албанците како „Шиптари” во 2-3 разговори,во еден разговор со Блерим Беџети добива замолница од него еден од осудените за поседување оружје во предметите „Монструм 1“, извесен Аслан Рахмани да му се дозволи прекин на казната бидејќи имал нарушено здравје.

Во разговоро пак со Мартин Протуѓер на 4,10,2012 година, Јанкулоска пак му го прашува „како Индијанциве ќе настапат на избори“, алудирајќи на ДУИ, при што добива од него информација дека приоритет ќе им биле европерспективите.

Во низа рагзовори помеѓу поранешните челници од владата на Никола Груевски, судејќи според досега објавените снимки, најчеста тема на разговор е екстрадацијата на двајцата бегалци од Косово. Токму кога тие се уапсени од косовската полиција, поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков топ веста му ја јавува на новинарот Драган Павловиќ Латас за да ја објавел.

– Имам топ вест за тебе. На Косово с еуапсени Алил Демири и Африм Исмаиловиќ – му вели Мијалков на Латас.

Во друга „бомба“ пак екс премиерот Никола груевски бара од поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески да провери дали имало вистина во дека земјиштето каде се наоѓа Смилковско Езеро било во сопственост на земјоделска задруга која била насилно одземена од сопственикот и му била дадена на користење на обвинетиот Фејзи Азири.

Откако беа објави 25 „бомби“, обвинителката Фатиме Фетаи изјави:

– Имаме уште 133.000 снимки, смс пораки, ПИ мерки…на некое од следните рочишта ќе треба да го повиканем и „свиркачот“ Звонко Костовски да ни објасни како тие се извадени. AАко ги читаме сите докази ќе ни требаат пет години за да ги прочитаме.

Судечкиот судија Огнен Ставрев следното рочиште за предметот „Монструм“ го закажа за 4 октомври во 10 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот