Јанева не е повеќе гевгелиски обвинител – Слободен печат
Хроника

Јанева не е повеќе гевгелиски обвинител

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е во притвор за случајот „Рекет“.

Советот на јавни обвинители денеска го стави надвор од сила решението со кое и мирува функцијата на Катица Јанева во гевгелиското Јавно обвинителство, рече на денешната прес-конференција, Ацо Колевски, претседател на Советот на јавните обвинители.

– Со тоа што е определено дека е ставено вон сила решението со кое и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија, фактички и веќе не може да ја обавува функцијата како јавен обвинител – изјави Колевски.

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е во притвор за случајот „Рекет“. Таа во саботата беше разрешена од функцијата Специјален јавен обвинител од страна на Советот на јавни обвинители поради нестручно и несовесно работење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close