1 C
Скопје

Поранешната сопруга на кралот на рокенролот полни 75 години: Елвис беше мојата најголема љубов, нема никој да сакам повеќе!

Американската актерка и претприемачка Присила Пресли (75) најпозната е како поранешната сопруга на покојниот „крал на рокенролот“ Елвис Пресли, за кого во интервјуата често истакнува дека не може да се спореди со ниту еден друг маж.

„Мислам дека никогаш нема да најдам никој што ќе сакам повеќе од Елвис. Лошо е воопшто да го споредувам со некој. Вистина е дека некои мажи со кои што бев после Елвис ми значеа нешто, но тој беше мојата прва и последна љубов“, рекла во едно интервју за странските медиуми.

Профимедиа

Присила, која треба да го прослави својот 75 роденде, после разводот од Елвис не стапила веќе во брак, но имала турбулентен љубовен живот.

Таа имала само 14 години кога го сретнала Елвис, кој бил 10 години постар од неа. За него се омажила во 1967 година, а една година подоцна ја добиле ќерката Лиса Мери. Тие се развеле во 1973 година.

Прочитајте и...  Тања Кармзова Костиглиола, нашинка во Франција: И тука побарувачката за вакцини е огромна, а ресурсите се ограничени
Принтскрин

Музичарот починал во 1977 година на 42-годишна возраст. Присила од долгогодишната врска со Марк Гарибалди има син.

Многумина ѝ замеруваат што претерала со пластичните операции. На 75 години нема ниту една брчка, а лицето ѝ е потполно затегнато, што зачуди многу нејзини обожаватели.

View this post on Instagram

He’ll always be timeless.

A post shared by Priscilla Presley (@priscillapresley) on

Всушност, во текот на годините Присила била жртва на пластичниот хирург Серан од Аргентина, кој на своите пациентки наместо ботокс им вбризгувал индустриски силикон кој се користи за подмачкување на автомобилски делови.

Таа тврди дека во тој момент се откажала од пластичните операции, а неверојатно е како изгледала во младоста – била вистинска убавица.

View this post on Instagram

Happy Birthday “Yisa” 1971 🌹

A post shared by Priscilla Presley (@priscillapresley) on

Од скиентологијата, бизарниот култ и наводните религии, се откажала после 40 години верност. Религискиот култ на Л. Рон Хубард собрал многу славни лица од Холивуд, а меѓу нив се и Том Круз, Џон Траволта, Елизабет Мос.

View this post on Instagram

I will be LIVE on Facebook today at 4pm CST.

A post shared by Priscilla Presley (@priscillapresley) on

Присила Пресли на култот се придружила во 1977 година, откако починал Елвис. Таа и нејзиниот сопруг уште пред тоа биле врбувани од страна на култот, додека Елвис бил жив, но тој не сакал ни да слушне.

Поврзани вести

Наместо црвен конец на раката, носете зелен или син: Еве зошто!

Слободен печат

Уролог предупредува: По прележан коронавирус, не смеете да правите деца најмалку два месеци

Слободен печат

Дневен хороскоп за 27 јануари: Не избрзувајте во љубовта, сѐ што е ваше, ќе си дојде

Слободен печат

Виц на денот: Лек

Слободен печат

Го анализирате секој детал? Избалансирајте ги вашите мисли

Слободен Печат

Тајчи: Бев силувана и сметав дека тоа е по моја вина!

Слободен печат

Остави Коментар