Поранешната сопруга на фронтменот на „Ајрон мајден” пронајдена мртва! Пред две години Дикинсон ја оставил поради инструкторка

facebook

Трагедија во семејството на фронтменот на англиската хеви метал група „Ајрон мајден“, Брус Дикинсон (61). Телото на неговата поранешна сопруга Педи Боуден е пронајдено во нивниот некогашен заеднички дом во Чизвик.

Деталите за трагедијата засега не се познати, а на местото на несреќата биле испратени две екипи на брза помош. Првата стигнала во рок од две минути, но за жал Педи веќе била мртва.

За сето ова се огласи и Дикинсон:

– Ова е страшна трагедија која по сè изгледа дека е несреќа. Јас и нашите деца Остин (29) , Грифин (27) и Киа (28) сме уништени. Од почит кон Педи нема да го коментираме понатаму овој исклучително тежок и болен период за нашето семејство – порача пејачот.

Рокерот моментално живее со фитнес-инструкторката Леана Долчи, поради која пред две години ја остави сопругата со која беше во брак скоро 30 години.

Брус и Педи се венчаа во 1990 година, а се разведоа во 2018 година и разводот е проценет на вредност од 90 милиони фунти.

Во 2019 година Брус се иселил од нивниот дом во Лондон во Париз, за да живее со Леана.

Фановите ширум светот испраќаат пораки со поддршка за славниот музичар и многу им е жал,  како што велат, за „смртта на љубовта на неговиот живот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот