Поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски, Кристина ја претставува Македонија на изборот „Мис Глоуб“ (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Вечерва во црногорскиот град Улцин, по 47 пат по ред ќе се одржи финалето за изборот на „Мис Глоуб“ за 2019 година.

Нашата држава ја претставува дваесетитригодишната Кристина Димитријевска од Тетово, членка на модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој голем интернационален избор за убавина.

 

View this post on Instagram

 

??????

A post shared by Kristina? (@kristina.dimitry) on

Таа веќе три недели е во Црна Гора, каде заедно со уште 50 девојки од исто толку држави од целиот свет се подготвува за вечерашното финале.

 

View this post on Instagram

 

#views

A post shared by Kristina? (@kristina.dimitry) on

– Да и посакаме среќа вечерва од 20:15 часот, а директен пренос ќе може да гледате на МРТ 2. Нашата држава има уште еден претставник на вечерашниот спектакл, пејачот Даниел Дан ќе има свој настап во уметничката програма – ни изјави Мики Црнокрак, шефот на македонската делегација во Улцин, Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот