Поранешната сопруга на Безос донира 1,7 милијарди долари во хуманитарни цели

Меккензи Скот, поранешната сопруга на милијардерот Џеф Безос, ќе донира 1,7 милијарди долари во хуманитарни цели. Парите одат на сметка на организации што се борат за расна еднаквост, за правата на ЛГБТ заедницата, јавното здравје и против климатските промени, како што објави таа на својот блог.

– Како и многумина, првата половина на 2020 година ја доживеав како мешавина од скршено срце и ужас… Почнав да работам на тоа да ги остварам ветувањата кон себеси, со верба дека мојот живот ми дал две нешта коишто би можеле да бидат од особено значење за другите: парите што општеството ми ги пружи и убедувањето дека луѓето кои имаат искуство со нееднаквости се најдобрите за носење одлуки, напиша милијардерката.

При разводот со Безос минатата година, уделот на Скот во компанијата Амазон чинеше 36 милијарди долари, а денес, со растот на акциите, проценките говорат дека нејзиното богатство вреди 60 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот