Поранешната прва дама сосема искрено: „Верувам дека на 50 години конечно станувате жена, таа млада девојка во вас дефинитивно повеќе ја нема“.

Фото: Профимедиа

Во пресрет на објавувањето на нејзиниот нов албум, поранешната прва дама на Франција и поранешен супермодел, Карла Бруни, даде интервју за Вог, во кое, покрај музиката, зборуваше и за стареењето

Фото: Профимедиа

Денешната 52-годишна Карла Бруни помина низ многу животни промени за да стигне до местото каде што е денес. Започна како модел, а наскоро, заедно со Наоми Кембел, Клаудија Шифер, Синди Крафорд и други претставници на таа генерација, стана еден од супермоделите од 90-тите. Откако се докажа во модниот свет, се сврте кон музиката, го издаде својот прв албум во 2002 година, а потоа, во брак со Никола Саркози, стана прва дама на Франција.

Фото: Профимедиа

Во најновото интервју, кое го даде за Вог по повод објавувањето на нејзиниот нов албум, таа зборуваше за многу работи, а еден од најинтересните детали е секако оној во кој како мајка на две деца зборува за стареењето.

Фото: Профимедиа

„Верувам дека на 50 години конечно станувате жена. Таа млада девојка во вас дефинитивно повеќе ја нема, но сепак можете сеуште да танцувате одвнатре како тинејџерка. Педесет е кога општеството ќе ти каже дека е готово – сега си возрасен. И таа последна шанса да бидеш млада девојка повеќе ја нема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот