Поранешната мис на Бразил почина по рутинска операција

Глиси Кореја
Глиси Кореја / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Глиси Кореја, поранешна мис на Бразил, почина на 27-годишна возраст како последица од обилно крварење и срцев удар по рутинска операција на крајниците, пишува „Дејли Мејл“.

Поранешната мис на Бразил почина во понеделникот во приватна клиника. Таа доживеала тешко крварење и срцев удар по тонзилектомија, која вклучува хируршко отстранување на крајниците. Таа била оперирана кон крајот на април и оттогаш била во кома и на крајот починала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gleycy Correia PMU (@gleycycorreia)

Нејзиното тело било испратено на обдукција во Институтот за судска медицина Макае.

„Господ го избра овој ден да ја земе нашата принцеза. Знаеме дека многу ќе ни недостасува, но сега ќе го осветли небото со својата насмевка“, изјави пасторот Јак Абреу, кој бил близок со семејството на Кореи. Тој смета дека имало медицински грешки за време на операцијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gleycy Correia PMU (@gleycycorreia)

Глиси беше крунисана за Мис Бразил во 2018 година. Родена во сиромашно семејство во Бразил, таа ја сподели приказната за нејзините скромни почетоци преку социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот