Поранешната мис бара развод од полицаецот што го уби Џорџ Флојд

facebook

Кели Шовин (45) е сопруга на поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин (44), кој е обвинет за убиството на Џорџ Флојд (46) за време на насилното апсење. Кели шокирана од чинот на својот сопруг, поднела барање за развод.

Три дена по убиството Кели го напуштила сопругот, кого го запознала додека работела како радиолог во болница 13 години. Тие се венчале во 2010 година, а за неколку денови требало да прослават 10-годишнина од бракот.

Кели живеела во бегалски камп три години, а во Америка пристигнала како дете, каде што и научила да зборува англиски. Имињата на нејзините родители не се познати.

Пред две години учествувала на изборот за Госпоѓа на Минесота, на кој се натпреваруваат постари кандидатки од вообичаено. Кели победила на тој избор. Набргу потоа заминала во Лас Вегас и учествувала на изборот за Госпоѓа на САД, но таа лента не отишла во нејзините раце.

Нејзина последна работа била во агенција за недвижности, додека во моментот е невработена. Иако не работи никаде, Кели рекла дека се откажува од своето право на привремена или трајна алиментација од сопругот.

Кели не сака да дава изјави за медиумите.

Од претходниот брак, таа има два возрасни сина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот