Поранешната љубовница на Хуан Карлос – 65 милиони долари беа великодушен подарок од кралот

Фото: Профимедиа

Корина милионите ги сметала за великодушен подарок и признание за тоа колку му значела, без оглед на тоа што тој ги побарал парите назад две години подоцна.

Љубовницата на поранешниот шпански крал Хуан Карлос, Корина Зу Саин-Витгенштајн откри во јавноста сè за нивниот однос и шокантните детали што следуваа откако нивната афера беше обелоденета. Во едно од ретките интервјуа, таа вели дека ја прогонувале откако се дознало за нивниот однос, и тврди дека тие се обиделе и да ја замолчат со закани дека ќе ја доживее истата судбина како принцезата Дијана. Поради сето тоа, вели Корина, 65 милиони евра што ги добила од поранешниот шпански крал ги сметала за великодушен подарок и признание за тоа колку му значела, без оглед на тоа што тој ги побарал парите назад две години подоцна.

Ги барал милионите назад

Корина за Би-би-си изјавила дека тој се обидел повторно да ја освои две години подоцна, откако ѝ ја дал огромната сума, но кога таа го одбила, Хуан Карлос се разбеснил и побарал да му ги врати неговите милиони.

– Во одреден момент тој сфати дека нема да се вратам и реагираше балистички. Тој побара сè назад, мислам дека тоа беше во момент на лутина – рекла Корина.

Хуан Карлос, поранешниот 82-годишен шпански крал, е во брак со кралицата Софија од 1962 година, а неговата љубовна врска со Корина, деловна жена со потекло од Данска, траела од 2004. до 2009 година.

Фото: Профимедиа

Романсата откриена поради несреќата

Нивната романса беше сензационално откриена во 2012 година, кога Хуан Карлос го скрши колкот во текот на лов на слонови во Боцвана, па беше принуден да се врати од патувањето на кое во тоа време го придружувала Корина.

Поради силниот притисок што следувал, Хуан Карлос се чувствувал виновен, и како знак на љубов ѝ подарил 65 милиони евра. Оваа трансакција е предмет на истрагата која се води во моментот во Швајцарија.

Поранешниот крал, кој абдицираше во 2014 година, поради обвиненијата за корупција, е под истрага од Врховниот суд во Шпанија, а во центарот на таа истрага се 100 милиони долари кои му ги уплатил починатиот крал на Саудиска Арабија.

На почетокот на август, Хуан Карлос објави дека ја напушта Шпанија, а неодамна беше потврдено дека тој отишол во Абу Даби.

Видео на денот