Поранешната филмската дива се повеќе личи на својот татко, фронтменот на „AEROSMITH“ (ФОТО)

Фотографија: Profimedia

Кај многумина се уште предизвикува насмевка кога ќе се сетат на прекрасната Лив Тајлер во „Украдена убавина“, а исто така и вилата Арвен во „Господар на прстените“. Таа е една од најубавите актерки во Холивуд, поинаква е и го има „тоа“ нешто што ја издвојува и пркоси на традиционалните стандарди за убавина.

Лив Тајлер секогаш била малку посмела и поприродна од другите млади актерки во Холивуд, а веројатно тоа има врска и со фактот што нејзиниот татко е прочуениот рокер Стивен Тајлер, фронтменот на групата „Aerosmith“.

Profimedia

Од друга страна пак, во повеќе наврати докажа дека цврсто стои на земја и многу созреано пристапува. Неодамна се случи да после враќањето од промоцијата на својата тв-серија „Harlots on the Show“ да ја застане лимузината за да се фотографира со фановите.

Меѓутоа, прашањето сега е дали фановите воопшто би ја препознале доколку ја видат на улица.

Бидејќи, Лив и во своето „инкогнито издание“ е поинаква за разлика од многу нејзини колешки, таа навистина се обидува да пројде незабележливо пред папараците и некои би ја споредиле со „Грдата Бети“ отколку да ја препознаат како актерката со магична убавина.

Сепак, таа е прекрасна во било кое издание, дури и кога иде во продавница.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот