Поранешната девојка на Зверев пред две години се обидела да се самоубие, скандалот го заташкале луѓе на Федерер?

Зверев и годинава ќе игра на турнирот кој го основа Рожер Федерер/ фото: EPA-EFE/Jose Jacome

Поранешната девојка на Александер Зверев, Олга Шарипова се обидела да се самоубие откако влезе во вербален и физички конфликт со тенисерот од кого била и физички малтретирана.

Но, сето тоа било заташкано кога се вмешала менаџерската агенција „Тим 8“ која ја основа Рожер Федерер.

Шарипова во измините неколку месеци постојано во јавноста изнесуваше обвинувања на сметка на Александер Зверев велејќи дека ја претепал како и дека и се заканил оти ќе ја убие.
Меѓутоа, нејзините зборови не предизвикаа поголема реакција во тенискиот свет, ниту пат Зверев беше нападнат од медиумите.

Ниту една тениска организација не ги сфати сериозно обвинувањата на Шарипова, а во се е замешан и Лејвер купот на кој годинава ќе настапи Зверев. Лејвер купот е формиран од маркетинг агенцијата „Тим 8“ која пак е во сопственост на Рожер Федерер.

Шарипова во разговор за магазинот „Рекет“ изјави дека на Лејлер Купот кој се одржа во 2019 година во Женева, на службено лице на турнирот му рекла дека се обидела да се самоубие.

– Тоа беше најголемата кавга дотогаш и тогаш прв пат ме удри во лице. Порано ме туркаше, ме фрлаше на под, ме давеше. Но, ова беше прв пат да ме удри. Кога ја напушти собата, умирав емотивно, не разбирав зошто се случува ова. Знаев дека нема да ме остави на мир. Го земав инсулинот од неговата соба, знаев дека доколку сте здрави и земете инсулин може да умрете. Го вбризгав инсулинот во мене и не се плашев. Само сакав да го напуштам сево ова на некој начин бидејќи не можев да издржам повеќе. Тој се врати во собата, јас се заклучив во тоалетот и кога сфати што направив ме молеше да ја отворам вратата – зборува Олга Шарипова.

Таа потоа открива дека Зверев потоа донел официјално лице од Лејвер купот да зборува со неа .
„Официјалното лице чие име ни го кажа Шарипова, одби да зборува кога го контактиравме за потребите на овој текст, притоа наведувајќи дека професионална обврска е инцидентите кои се однесуваат на тенисерите треба да останат приватни“, пишува авторот на текстот, познатиот тениски новинар Бен Ротенберг.
Целата приказна остана заташкана две години, а официјалните лица на Лејвер купот не реагираа на обвинувањата на Шарипова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот