Поранешната девојка на Метју Пери открива: Бремена ме испраќаше да му купам дрога

Поранешната девојка на актерот Метју Пери тврди дека тој ја испраќал по хероин додека таа била во петтиот месец од бременоста.

Во интервјуто за странските медиуми, Кејти Едвардс, која беше во врска со актерот Метју Пери во 2000-та година, вели дека се согласила да набавува наркотици за Пери со цел да го заштити додека тој се борел со зависноста.

Кејти изјави дека е воодушевена што Метју конечно пронашол среќа со вереницата Моли и што конечно се ослободил од пороците.

Profimedia
Profimedia

Таа додаде дека за време на неговата зависност одела по наркотици со цел да го спречи да лута по улиците и да биде уапсен.

„Во моментите на неговата слабост тоа беше сè што можев да направам за него. Бев отприлика во петтиот месец од бременоста и одев да набавам хероин на адресите на кои ме испраќаше. Тој само ми велеше: „Никој нема да запре бремена девојка, не грижи се. Одев по пратката, а во неа некогаш имаше хероин, некогаш кокаин и таблети. Никогаш не знаев што точно се наоѓа во пакетот“, тврди Кејти.

Profimedia
Profimedia

„Кога ќе погледнам наназад, помислувам каков пријател сум му била. Не ми било проблем да одам по дрога бидејќи не сакав да лута по улиците. Исто така, тој тоа ми го плаќаше. Понекогаш одев по дрога и по три пати дневно и знаев дека ќе заработам до 4000 долари во еден ден. Секогаш ми велеше дека парите не се проблем“, изјави Едвардс за „The Sun“.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот