Поранешната асистентка на Канје Вест со нови обвинувања: „Ме дрогираше и ме силуваше во студиото на Диди“

Фото: Profimedia/Инстаграм/Лорен Пишиота

Поранешната асистентка на Канје Вест, Лорен Пишиота, претходно го тужеше раперот за сексуално вознемирување и неправилно отпуштање, а сега таа ја измени тужбата и додаде дека тој ја „дрогирал и силувал“, пишува „Ролинг стоун“.

Пишиота тврди дека била поканета на сесија во студиото предводено од Шон Комбс, попознат како Диди. За време на сесијата им биле послужени пијалоци со зборовите дека „секој мора да пие ако сака да остане“, се вели во тужбата.

„Без да знае тужителката, пијалокот што ѝ бил сервиран бил со неидентификувана дрога. По неколку мали голтки од пијалокот што ѝ бил сервиран од Вест, тужителката почнала да се чувствува дезориентирана“, се наведува понатаму во тужбата.

Набрзо изгубила контрола над телото и говорот, а сеќавањето на таа вечер ѝ е замаглено. Следниот ден, се наведува во тужбата, Пишиота се разбудила „физички болна и збунета“.

„Почувствувла огромен срам и непријатност што не можела да се сети на ниту еден од настаните во ноќта по првата голтка од пијалокот што ѝ го послужил Вест“, се наведува во тужбата.

Фото: Инстаграм/Лорен Пишиота

Дури неколку години подоцна, Пишиота дознала дека била сексуално нападната. Вест ѝ открил дека се „сплеткале“ во студиото, што ја навело да сфати дека била дрогирана и сексуално нападната. Кога му кажала на Вест дека не се сеќава на ништо за таа ноќ освен почетокот, кога седнале на каучот во соба полна со луѓе и испиле голтка од пијалокот што тој го истурил, Пишиота тврди дека Вест се насмеал и рекол: „Жените сакаат да кажуваат дека не се сеќаваат“.

Канје Вест допрва треба да ги коментира новите наводи.

Да потссетиме, поранешната асистентка на Канје Вест го тужеше за сексуално вознемирување и неправедно отпуштање.

Како што пишува „Пејџ сикс“, таа почнала да работи за раперот како асистентка во 2021 година додека тој се подготвувал да ја лансира својата модна линија „Јизи“. Наводно, на инфлуенсерката ѝ била понудена плата од 1 милион долари, а единствен услов бил таа да му биде достапна 24 часа дневно, седум дена во неделата. Пишиота претходно заработувала околу 1 милион долари на платформата Онли фенс, сè додека Вест не побарал од неа да стане „морална“ личност и да го избрише профилот, а ѝ ветил дека тој ќе ѝ ги доплати парите што вообичаено ги заработувала оттаму. Вест никогаш не ѝ ја зголемил платата, а набрзо потоа почнал да ѝ праќа вознемирувачки и вулгарни пораки.

Поранешна помошничка го тужи Канје Вест: Тврди дека ѝ испраќал пораки со експлицитна содржина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот