-1.3 C
Скопје

Поранешна руска тенисерка преживеала хорор во својот дом: Влегоа пет луѓе и ме врзаа, рацете ме болеа со денови

Исповед на Ана Чакветадзе за настанот кој се случил во нејзиниот дом во 2007 година.

Ана Чакветадзе пред 15-тина години се сметаше за идната голема тениска шампионка, но еден настан пред 13 години и го промени животот но и кариерата.

Чакветадзе во 2007 година играше фантастично, дојде до четвртфиналето на Австралија Опен и Ролан Гарос, а на УС Опен отиде чекор понатаму и играше во полуфиналето и најави блескава кариера.

На ВТА ранг листата на 10. декември 2007 година таа се најде на петтата позиција, но само една недела подоцна доживеа вистински хорор во својот дом, веднаш по враќањето од Белгија каде играше егзибициски дуел со тогаш најдобрата тенисерка Жастин Анин.

– Бевме уморни и заминавме на спиење. Одеднаш се разбудив околу три часот наутро. Видов дека петтмина мажи се мотаа околу нашата куќа, а имаа маски на себе и носеа темна облека. Потоа слушнав врисок од другата соба. Знаев тоа е татко ми и почнав да паничам, помислив дека тоа беа последните денови од нашите животи. Тие мажи беа вооружени со пиштоли и ножеви и со нив му се закануваа на татко ми. Мене толку силно ме заврзаа што рацете ме болеа со денови. Ги натераа моите родители да го отворат сефот и земаат се што има во него. Татко ми заврши на операција бидејќи доби скршеница на рамото. Мислам дека грабежот го планираа со денови, посебно кога виделе дека во Белгија освои скапоцен Ролекс часовник – открива Чакветадзе за бразилскиот подкаст „A voz do tenis“.

Прочитајте и...  Време е за прва победа на Е. Пелистер во Лигата на Европа

Оттогаш за талентираната Русинка, тенисот како да не постоеше повеќе.
Не можев да ги исполнам очекувањата за 2008 година. Беше се полошо и полошо и чувствував дека агонијата никогаш нема да заврши. Го загубив местото на ранг листата, загубив многу бодови, но можеше да биде и полошо. Благодарна сум што ја преживеав таа ноќ. Никој не знае каква кариера ќе имам да не се случеше тоа – вели Чакветадзе.
Чакветрадзе се повлече од тенисот во 2013 година на 26-годишна возраст, а сега работи како ТВ коментатор и аналитичар на тениски натпревари.

 

View this post on Instagram

 

🎾🎾🎾🎾🎾🎾🎾🎾🎾🎾🎾

A post shared by Anna Chakvetadze (@achak87) on

Поврзани вести

ВИДЕО: Ливерпул во нокаут-фазата, Ајакс и Аталанта во директна битка за второто место

Слободен печат

ЛЕ: Еурофарм Пелистер поразен од Тримо Требње

Слободен печат

ФОТО: „Кралевите“ се немоќни без Рамос во Лигата на шампионите!

Слободен печат

ВИДЕО: Реал вторпат нокаутиран од Шахтјор, Салцбург бара „услуга“ од Баерн!

Слободен печат

Трајковски: Верувам дека ќе бидеме убаво изненадување на Европското првенство!

Слободен печат

Дресот на Марадона од мечот против Англија не се продава!

Слободен печат

Остави Коментар