Поранешна пријателка на Меган Маркл открива СОЧНИ ДЕТАЛИ за запознавањето со принцот Хари

Принтскрин

Лизи Канди е англиска ТВ-ѕвезда и поранешна сопруга на фудбалерот Џејсон Канди, за британските медиуми изнела сочни детали за нејзиното пријателство со војвотката од Сасекс.

Таа тврди дека ја запознала Меган Маркл на добротворна вечера во 2013 година, неколку месеци по разводот од Тревор Енгелсон. Лизи вели дека веднаш „кликнале“ како пријателки и разговарале за типично женски теми.

Меган ѝ открила дека е сингл, но и дека сака да запознае некој сингл популарен Англичанец. Лизи ѝ ветила дека ќе ја запознае со неколку. Најпрво ѝ го „понудила“ фудбалерот Ешли Кол, а потоа принцот Хари.

Во тој момент Меган престанала да се дружи со Лизи, најверојатно поради рестрикциите за дружење наложени од кралското семејство.

Слично искуство имал и водителот Пирс Морган, кој тврди дека Меган почнала преку ноќ да го игнорира, иако претходно со години интензивно се дружеле. Тој дури и јавно му честитал на принцот Хари, со јасна порака дека се надева дека знае што прави.

„Но, ако нешто не оди, нека не се надева дека мене ќе може да ми плаче на рамо“, изјавил Морган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот