Поранешна мисица колабирала и починала на работното место

Фото: Фејсбук/Џесика Воли

Поранешната мисица Џесика Воли вчера колабирала на работното место, по што починала. Нејзините пријатели и колеги се во целосен шок. Девојката имала 25 години, а по учеството на натпревари за убавина, се посветила на нова работа.

Таа била вљубеничка во коњичките спортови, работела како менаџер во коњушницата „Манор Хаус“ во сопственост на поранешната ѕвезда на Ливерпул, фудбалерот Мајкл Овен.

„Толку млада, без здравствени проблеми. Животот е навистина прекраток бидејќи никогаш не знаеме колку време имаме. Моите мисли се со нејзиното семејство и пријателите“, напиша нејзината пријателката Џесика Меир на Фејсбук.

Екипата за итна помош вчера утрото околу седум часот и 30 минути пристигнала во „Манор хаус штаблс“. Полицијата соопштила дека смртта не се третира како сомнителна и дека најблиските на Џесика се известени.

„Со длабока тага мораме да ве информираме дека утрово на работа почина високо ценет член на нашиот тим. Семејството е информирано, а семејството и тимот на Манор Хаус бараат приватност во овој момент“, се вели во соопштението.

Џесика Воли работела и за шеикот Хамдан бин Рашид Ал Мактум од Дубаи, кој поседува штали со чистокрвни коњи.

Пред четири години таа ја претставувала Британија на изборот за Мис туризам универзум во Бејрут, каде што се пласирала во првите 10 натпреварувачки, пишува „Дејли мејл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот