Поранешна кошаркарска репрезентативка шетајќи се со своето бебе била искасана од бездомно куче во Карпош

Поранешната кошаркарска репрезентативка на Македонија, Сандра Лазаревска во средата шетајќи се во скопски Карпош заедно со своето бебе биле мета на бездомно куче. Како што напиша Лазаревска на Фејсбук, таа била изгризана на стомакот, а за среќа бебето останало непроведено.

„Булевар 8 септември, среда 04.09…21:15-20 На прошетка со бебето со неполни 40 дена, на патека наменета за пешаци, каде што ПРИТОА нема никакво осветлување. Гледам слика пред мене од затрчано куче и се запрашивам дали оди накај мене или кон нешто друго. Ни 2 ни 3, во секунда се фрла на мене, ме каса по стомак и ме бутка на земја. Паѓам. Како што паѓам паѓа и количката во која се наоѓа син ми, паѓа од количка СРЕЌА на мека исушена трева, лазам по тревата да го фатам за да не го повреди, го земам во раце и СРЕЌА некако ништо не му се беше случило. Две девојки позади мене ми ги слушнаа врисоците и се стрчаа да ми помогнат… И до кога вака со кучињава пуштени како во дивина, а во главен град, без никакви сериозни мерки? Скраја да е! “, напиша Лазаревска.

Кошаркарката ги повика Јавното претпријатие „Лајка“, Општина Карпош, и Град Скопје да се справат со големиот број улични кучиња низ главниот град.

Во Скопје со години голем проблем преставуваат бездомните кучиња. Најчесто се онаму каде што има поголем промет на луѓе, близу продавници, пазари. Како што може да се забележи во билтените на МВР, секојдневно има по најмалку три пријави за каснување од бездомни кучиња, најголем број на случаите се во Скопје. Бројката на „жртви“ е поголема, но сепак секој не се одлучува да пријави во полиција.

 

 

 

ФОТО: Уличните кучиња како туристички водичи низ Скопје, Драчево со најмногу пријави за каснувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот