Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Поранешениот рекет број еден со порака до сите тенисери: Бојкотирајте го Синер, не играјте против него

Италијанецот Јаник Синер неодамна доби забрана од три месеци поради допинг скандалот, а во јавноста владее големо незадоволството од малата казна која ја доби првиот светски рекет.

Синер нема да смее да игра тенис до 4 мај и нема да настапи на Мастерсот 1000, Индијан Велс, Мајами, Монте Карло и Мадрид, но ќе биде подготвен за Ролан  Гарос кој на програмата е на 25 мај.

Критики кон Синер испрати и поранешниот најдобар светски тенисер Евгениј Кафелников. Тој испрати порака дека тенисерите треба да го бојкотираат Синер така што нема да излегуваат на терен против него.

„Никогаш нема да дознаеме кој иницирал ваков договор, не можам да разберам. Ако сте апсолутно 100% сигурни дека сте невини зошто би прифатиле забрана од три месеци. За мене тоа нема никаква смисла. Тенисерите сега треба да борат против неправдата и тоа може да го направат ако го бојкотираат Синер и не играат против него“, изјави Кафелников.

Во својата кариера Кафелников освои две грем-слем титули (Ролан Гарос 1996 и Австралија Опен 1999), а стигна и до олимпиското злато во Сиднеј 2000 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот