Поранешен тренер на Федерер е загрижен за Ѓоковиќ!?

epa08632941 Novak Djokovic of Serbia holds his stomach during a time out in play against Roberto Bautista Agut of Spain during their semi-finals match at the Western and Southern Open at the USTA National Tennis Center in Flushing Meadows, New York, USA, 28 August 2020. EPA-EFE/JASON SZENES

Новак Ѓоковиќ минатата недела се закити со трофеј на Мастерс турнирот во Рим и така некако ги „залечи раните“ после дисквалификацијата на грен слем турнирот „УС Опен“.

Најдобриот светски тенисер како што и тој самиот истакна, во Италија не го играше својот најдобар тенис, но и тоа беше доволно за да ја освои титулата и да стане рекордер по бројот на Мастерс трофеи.

А токму тоа свој коментар имаше и поранешниот тренер на Швајцарецот Рожер Федерер, Пол Анакон.

Ѓоковиќ со нови 400 бодови пред „Ролан Гарос“ и прво место на крајот од 2020!

– Како што и рече самиот, не беше најдобрата недела за него. Мислам дека клучот за сите врвни играчи е да најдат начин да победат иако не играат најдобро. И тоа го направи Ѓоковиќ, тоа го видовме и во финалето. Тој се врати после негатива од 3:0 во првиот сет – вели Анакон.

Ѓоковиќ го остави зад себе еден од најлошите моменти во кариера, откако беше дисквалификуван од „УС Опен“ поради ненамерно удирање со топката кон линиска судијка.

– Тој продолжува да одушевува. Неговата игра е исклучително ефикасна и тој знае како да управува со неа. Единствено што ме загрижува е неговата душевна состојба. Тоа ме загрижува повеќе од било што затоа што тој е крајно раздразлив. Да бев на негово место или на местото на неговиот тим, ќе му кажев да се одмори од тенисот неколку дена. Малку да се опушти, да ги „наполни батериите“ – додаде поранешниот тренер на Федерер.

Ѓоковиќ се подготвува за настапот на грен слем турнирот во Франција, „Ролан Гарос“ (27 септември-11 октомври 2020 година).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот