Поранешен тренер на Црвена звезда доживеа мозочен удар – Слободен печат
КошаркаСпорт

Поранешен тренер на Црвена звезда доживеа мозочен удар

Српскиот кошаркарски стратег Александар Трифуновиќ доживеа мозочен удар и веднаш е хоспитализиран во болница.

Познатиот српски тренер Александар Трифуновиќ кој моментно е тренер на Игокеа, доживеа мозочен удар. Тој веднаш е хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар во Република Српска во Бањалука и неговата состојба е стабилна, пренесува „Вечерње новости“.

На поранешниот кошаркар на Црвена звезда му се слошило во својот дом во Бања Лука, но останал присебен и го повикал поранешниот играч на Игокеа, а сегашен член на раководството, Вук Радивојевиќ кој го однел во болница.

Искусниот 52-годишен тренер ова лето потпиша двегодишен договор со Игокеа заменувајќи го Драган Николиќ.  Трифуновиќ зад себе има големо тренерско искуство и во досегашната тренерската кариера ги предводел Црвена звезда, Литвос Ритас, Жалгирис, Паниониос, стана, Јешилгиресун и Пинар Каршијака.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close