Поранешен терорист тврди: Многу опасни луѓе слободно се шетаат по Европа

Поранешен член на Ал Каеда и британската разузнавачка служба во разговор за унгарскиот неделник „Хетек“ изјави дека многу опасни поединци слободно шетаат по Европа и дека мигрантската криза претставува потенцијална закана за Европа.

Тој вели дека моментално се чувствува побезбедно на улиците во Будимпешта, па дури и Саудиска Арабија, отколку во Париз и Брисел, каде што се движат „многу опасни поединци“.

Според поранешниот член на Ал-Каеда, муслиманските мигранти мора да се интегрираат во општеството и дека треба да бидат благодарни што се прифатени и имаат поголема слобода да се однесуваат во согласност со сопствената религија во Европа отколку каде било во арапскиот свет.

Тој додава дека почнал да ја губи вербата во таа организација во тој момент кога почнала да таргетира цивили.

Инаку, бил регрутиран од страна на британската тајна служба додека бил во болница, а за време на неговата работа помогнал да се спречат неколку напади и да се фатат некои терористи, вклучувајќи и негови стари пријатели. Кога е разоткриен како таен агент бил принуден да ја напушти службата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот