Поранешниот двократен светски шампион во мотоциклизам во категоријата до 125 кубни сантиметри, Италијанецот Фаусто Гресини, почина денеска во Болоња, по компликациите предизвикани од коронавирусот.
Гресини дебитираше на шампионатот до 125 кубни сантиметри во 1983 година, а две години подоцна ја освои титулата во таа класа.
Својата втора титула ја освои во 1987 година, во која стигна до рекордни 10 победи во една сезона во оваа класа.
Тој забележа вкупно 21 победа, а се натпреваруваше до 1994 година.
По завршувањето на кариерата, тој беше шеф на тимот Гресини рејсинг, кој се натпреварува во сите три категории во Мото ГП шампионатот.