Поранешен српски кошаркар кој не смее да влезе во Хрватска е во притвор поради семејно насилство

фото: курир.рс/зорана јевтиќ

Според српски “Курир“, на поранешниот кошаркарски репрезентативец на нашиот северен сосед, Милан Гуровиќ му е одреден притвор. По налог на третото основно обвинителство во Белград, одреден му е притвор од 48 часа во кој за тоа време ќе биде однесен на сослушување во обвинителството поради семејно насилство. Тој ја претепал сопругата Тања, а повреди на главата има и неговата ќерка Милица.

На Гуровиќ му беше изречена мерка за забрана на приближување на сопругата, исто така изречена му е итна мерка за одалечување од станот. Меѓутоа кога обвинителството извршило увид во извештаите на полицијата, одлучи да одреди мерка притвор за да не го повтори кривичното дело и да не влијае врз сведоците.

Интересно е што Милан Гуровиќ има забрана за влез во Хрватска поради тетоважа. Поранешниот кошаркар на Партизан и на Црвена звезда и капитен на репрезентацијата на Србија, не смее да влезе во Хрватска бидејќи на своето тело го има истетовирано Драгољуб „Дража“ Михајловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот