Поранешен советник на Трамп смета дека тој е неподобен за претседател

Книгата на Болтон „Собата каде што се случуваше се: Мемоари од Белата куќа” треба да биде објавена на 23 јуни, но во јавноста се појавија делови од книгата.

Доналд Трамп не е подобен за функцијата претседател, изјави поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон во интервју за телевизијата АБЦ.

– Сметам дека тој е неподобен за таа функција. Не мислам дека има вештини за извршување на таа работа, истакна Болтон во интервјуто кое ќе биде целосно објавено во текот на претстојниот викенд.

Болтон, кој му беше советник на Трамп за национална безбедност од април 2018 до септември 2019 година, нагласи дека „актуелниот претседател бил толку многу фокусиран на неговиот реизбор, што се друго запоставил”.

Тој открива дека Трамп за време на историскиот самит со севернокорејскиот лидер бил повеќе фокусиран „на фотографирањето” со Ким Џонг-ун, отколку на последиците од состанокот во дипломатски поглед.

– Џон Болтон себе си се дискредитираше. Овој човек го пофали Трамп како силен во надворешната политика, дека не ги прави истите грешки како претходните администрации, истакна портпаролката на Белата куќа, Кејли Макенани.

Книгата на Болтон „Собата каде што се случуваше се: Мемоари од Белата куќа” треба да биде објавена на 23 јуни, но во јавноста се појавија делови од книгата. САД го тужеа Болтон откако Советот за национална безбедност на Белата куќа утврди дека работната верзија на книгата содржи пасуси со доверливи информации за националната безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот